Услуги

serv_box1

Дигитална РТГ дијагностика

Kористиме дигитален Gendex рентген апарат, со кој зрачењето е достигнато на минимум , а исто така  имаме и  специјална заштитна опрема која е наменета за нашите пациенти. Рентгенот ни помага да откриеме почетните кариозни процеси на забите, кои неможат да се видат со стандарден преглед, со што ни се овозможува да ги санираме навремено, безболка и да не дозволиме да напреднат во длабочина. На рендген снимката можеме да го видиме забниот корен, но и други важни структури кои се наоѓаат околу самиот корен (коска, сврзни влакна, коскени канали) кои не се видливи со голо око. Во секое од овие ткива може да започне патолошки процес (најчесто инфекција), кој можеме да го детектираме само со помош на рентген. Ви нудиме ретроалвеоларна снимка, панорамикс , сегментирана панорамска снимка, снимка на темпоромандибуларен зглоб ( ТМЗ ) и телерентген.

Ортодонција

Што е ортодонција?- Ортодонција е специјалистичка гранка на стоматологијата која се занимава со проучување на растот и развојот на забите и орофацијалната регија, третманот и превенцијата на неправилностите во положбата на забите и вилиците. Ортодонцијата не подразбира само подредување на искривените заби, туку и корегирање на неправилните функции.

Имплантологија

Денталните импланти се современ и ефикасен начин да се надополнат забите што недостасуваат и се дизајнирани така што ги имитираат вистинските заби. Тие се одлично долгорочно решение, а материјалите од кои се изработени имлантите се главно базирани на титаниум и се сосема биокомпатибилни. Имплантите во суштина претставуваат замена за забниот корен и се поставуваат во коската за да бидат темел за идниот заб. Доколку сте заинтересирани за импланти би можеле да разговарате со стучниот тим во IN DENT Femily Dental Clinic  за темелен и индивидуален  план на терапија за вашиот случај.

Детска стоматологија

Ви нудиме бесплатен преглед и консултации за здрава насмевка кај здрави деца! Нашата ординација е опремена со најмодерна технологија, вклучително современ дигитален рентген кој ја редуцира дозата на зрачење и до 80 проценти.Ви нудиме: редовни прегледи и совети за родителите околу оралната хигиена , советување кај деца склони на кариес , консултации околу лоши навики (како цицање на прст, користење на цуцла) , ортодонција за деца итн.

Белеење на заби

Секој посакува блескава бела насмевка, а ние Ви нудиме голем број на продукти и процедури кои можат да ви помогнат да го постигнете посакуваниот резултат.

Општа стоматологија

Стоматолошката ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување  на РМ со што ви  овозмоува пломбирање на заби, лекување на заби, чистење забен камен, орална хигиена и сите останати услуги со цени кои фондот ги предвидел за овие услуги.

Орална хирургија

Оралнохируршките интервенции во нашата стоматолошка ординација се одвиваат според специјални протоколи специфични за секоја интервенција, со цел пациентот да нема никакви постоперативни проблеми. Еден од пририотетите во работењето ни е строгоста во почитувањето на протоколите за стерилизација,поради што сме горди на отсуството на постоперативни инфекции!

Пародонтологија

Грижата за гингивата претставува важен фактор и за оралното здравје, но и за севкупното здравје на пациентот. Пародонталната болест е прогресивна инфламаторна состојба која ги зафаќа потпорните структури на забот (пародонтот) и е број еден причина за загуба на забите. Доколку ваквата состојба не се третира, со нејзиниот прогрес може да дојде до зафаќање на околните потпорни структури и самата коска, што на крајот резултира со загуба на забот.

Естетска стоматологија

Прекрасната насмевка може да ви ја зголеми самодовербата и со тоа вашиот успех на социјален, професионален и приватен план. Вистината е дека луѓето навистина првиот впечаток за себе го оставаат врз основа на изгледот. Нашиот тим во нашата соматолошка ординација ви нуди безболен пат до совршена насмевка и затоа не дозволувајте лошите заби да ви ја нарушат самодовербата на личен и професионален план.

Протетика

Изработка на коронки, мостови и порцелански фасети.  Коронките се протетски изработки кои целосно го прекриваат забот и го заштитуваат од сите страни. Индикација за изработка на коронки се премногу оштетени заби, скршени заби,  дисколорирани заби, девитализирани заби и од естетски причини. Улогата на коронките е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се зголеми изгубената моќ на веќе ослабениот коронарен дел од забот. Мостови – Порцеланските мостови се протетски изработки со кои се обезбедуванадоместување на забите кои недостасуваат. Мостот е сочинет од повеќе заби кои меѓусебно се поврзани се со цел да се надополни просторот каде што забите недостасуваат.  Индикација за изработка на мостови се недостаток на заби. Улогата на порцеланските мостови е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се надокнадат изгубените заби со членови на мостот и да се обезбеди повторно забен низ. Порцеланските фасети претставуваат тенок слој на материјал (порцелан) кој се става на предната површина на забите со што се менува бојата и/или формата и големината на забот. Заради нивната минимална дебелина, максимално се штеди забната супстанција. Порцелански фасети се користат: за да се прекријат површините на пребоени заби кај кои не е можно белење, за затворање на простори меѓу забите, за корекција на формата и должината на забите, за подобрување на изгледот на оштетeни заби или скршени заби.