За Нас

ИН ДЕНТ -Вашата Фамилијарна забна клиника.

Стоматолошката ординација IN DENT Femily Dental Clinic е основана 2013  година. Во склоп на нашата клиника имаме две ординации опремени со  најсовремени апарати и текови во модерната стоматологија. Услуги кои ги нуди нашата стоматолошка ординација се : општа стоматологија,  ортодонција, орална хирургија , имплантологија, пародонтологија, детска стоматологија, естетска стоматологија, протетика, белеење на заби . Имаме склучено договор со фондот и со тоа може да бидеме и ваши матични стоматолози кои пред се ќе се грижат за здравјето на вашите заби. Исто така располагаме со најновиот вид на дигитален РТГ апарат Gendex и рентген кабинет каде зрачењето е намалено дури за 90 % , а  за пациентите кои се наш приоритет имаме специјална оловна заштитна наметка и заштитна јака за тироидната жлезда. Со овој најнов тип на рентген апарат правиме ретроалвеоларна снимка, панорамикс, ТМЗ, сегментирана панорамска снимка и телерентген (профилна снимка на череп).

icon_tooth